Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: На министерот Фатмир Лимани му е забранет влез во САД, Мицкоски крие од јавноста!
Македонија

СДСМ: На министерот Фатмир Лимани му е забранет влез во САД, Мицкоски крие од јавноста!

12/03/2025

AA

Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори. 

Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.

Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?

Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.

Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:

Зошто министерот има забрана за влез во САД?

Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?

Ова не е случај што може да се премолчи“, стои во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема

21/11/2025
Македонија

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025
Македонија

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон

21/11/2025
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е реален, развоен и со фокус

21/11/2025
Македонија

Мицкоски во Тирана: Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ ја зајакнува

21/11/2025
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем

21/11/2025
Македонија

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна

21/11/2025
Македонија

Каде има опасност од излевање?: Сатеска, Коселска и Црна Река

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема мерки за пронаоѓање

21/11/2025

На 21.11.2025 во 01:00 часот во ОВР Прилеп С.М.(40) од Прилеп пријави дека нејзиниот малолетен син на 20.11.2025 во 14.00

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m²

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон ЕУ

21/11/2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Како што напиша

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy