
СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра
Од СДСМ реагираат дека денешното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски е уште една потврда дека тој е „изгубен во сопствените лаги“, додека граѓаните се соочуваат со економска криза, нови задолжувања и пад на животниот стандард.
Според најголемата опозициска партија, тврдењата за економски напредок се неточни и спротивни на податоците од Народната банка и Евростат, кои укажуваат на инфлација, слаб економски раст и најнизок животен стандард во Европа.
„На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена, осиромашена, задолжена и целосно девастирана“, велат од СДСМ во партиско соопштение.
СДСМ посочува дека државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра, додека, како што велат, парите се трошат без отчет.
/faktor.mk