
СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ Гоце Наумовски не е партиски член, туку е угледен професор

СДСМ го партизираше судството со предлозите за уставни судии како Ана Павлова Данева, партиски потпретседател и Јадранка Дабовиќ, носител на листа на СДСМ за Град Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДСМ. Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор. За разлика од последните два предлози на СДСМ кои беа целосно партиски решенија, како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДСМ и Јадранка Дабовиќ, носител на СДСМ за Град Скопје на локалните избори во 2005 година. А судијката Даниела Алексовска Стојановска, во семејната куќа во Ранковце, смести општински штаб на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, се додава, јасно е кој направи тотална партизираност и контрола на судството – тоа се токму СДСМ, кои судиите и обвинителите ги бираше во штабот на Бихаќка.
„И наместо да одговори која е поврзаноста на Венко Филипче и на Зоран Заев со нелегалното производство и трговија со марихуана, СДСМ талка од тема на тема. Во овој контекст, за да дефокусираат од вмешаноста на Филипче и кланот Заеви во наркобизнисот, а зад параванот медицински канабис, е и нападот на СДСМ на Наумовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ го нападна предлогот професорот на Правен факултет Гоце Наумовски да биде нов уставен судија како партиско решение, затоа што тој надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.
.

