Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Фирма на советник од ЗНАМ добила 1,2 милиони евра тендери
Македонија

СДСМ: Фирма на советник од ЗНАМ добила 1,2 милиони евра тендери

28/12/2025

AA

АКТ денеска објави нова бомба која се однесува на криминални тендери на власта поврзана со милионски суми, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Во новата бомба АКТ изнесе докази како фирма на советникот од ЗНАМ, Сашо Петровски, добила 1,2 милиони евра тендери од Пошта.

– Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта на Северна Македонија во вредност од 1,2 милиони евра за услуги на чистење и одржување хигиена, посочи Рената Младеновска, член на ИО на СДСМ, денешната прес конференција.

Таа додаде дека фирмата немала работници, претходно реализирани договори, и искуство во оваа област, не ги исполнувала основните услови за аплицирање наведени во тендерската документација во тој момент. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Освен тоа, немала ни потребната техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана за изведувач на тендерот.

-Како е возможно ова? Во групната понуда на оваа фирма се појавува и подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената, што може да претставува сомнителен маневар за заобиколување на условите. Но, тука не завршува сè. Само 20 дена по доделувањето на тендерот, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик на фирмата станува Сашо Петровски. Како фирмата да била основана исклучиво за да ја добие оваа јавна набавка.
Извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. ВМРО и ЗНАМ си детал тендери, рече Младеновска.

АКТ продолжува со откривање на сите скандали и криминални тендери, кои се користат за испумпување на парите од граѓаните.

Борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи“, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy