Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ е на страна на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори
Македонија

СДСМ е на страна на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

14/01/2025

AA

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се целосно оправдани. Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори и зголемување на платите, велат од СДСМ во соопштение.

„Платите стагнираат, куповната моќ на работнците се намалува, а политиките на Владата на Мицкоски се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси на елитата.

Во изминатите седум месеци, минималната плата остана непроменета, додека просечната плата стагнира. Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, беше целосно напуштен од актуелната власт, што резултираше со влошување на животниот стандард на работниците.

Последните податоци од Државниот завод за статистика го потврдуваат тежок економски контекст во кој се наоѓаат работниците. Во декември 2024 година, трошоците за живот пораснаа за 4,4%, цените на основните производи се зголемија за 4,3%. Ова значи дека месечните плати не се доволни ниту за основните потреби.

Дополнително спорно е тоа што вработените во дел од јавниот сектор и министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги во други институции како Министерството за финансии, Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат во Владата, кои добиле покачувања на платите.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите како и да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Потпишувањето на колективните договори, согласно барањата на работниците, мора да биде приоритет.

СДСМ и во изминатиот период, но и како власт, покажа дека ги разбира потребите и докажа што значи вистинска грижа за стандардот на работниците. Со низа на мерки и политики кои успешно ги реализиравме платите системски се покачуваа во сите сектори, трудот на работниците се ценеше и почитуваше.

За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

И како опозиција СДСМ предлагаше амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, за покачување на минималната плата, но власта тоа го одби.

Работниците заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси а не интересите на елитата“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy