Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ до Мицкоски: Брука и срамота, Вабтек не е нова инвестиција
Економија

СДСМ до Мицкоски: Брука и срамота, Вабтек не е нова инвестиција

09/07/2024

AA

СДСМ се огласи со реакција,откако вчера премиерот Христијан Мицкоски објави дека „Вабтек“ ќе инвестира 35 милиони евра во нова фабрика во индустриската зона во Скопје за сопирачки за шински возила.

Од СДСМ реагираат дека не станува збор за нова инвестиција, туку за производител кој долго време работи во кругот на некогашен Металски завод „Тито“.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните. Наводно новата инвестиција на Мицкоски е компанија која 16 години веќе работи во Македонија.

Станува збор за барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата. За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка.

ВМРО-ДПМНЕ изгледа смешно и наивно со своите промоции. Во отсуство на реална и сериозна дипломатска агенда на Самитот на НАТО, Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции. И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата“,реагираат од СДСМ.

Доскорешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, синоќа ја поздрави намерата за инвестирање на „Вабтек“. Оваа компанија веќе подолго време работи со загуби, но истовремено сака да издаде акции за зголемување на главнината. За Комисијата за заштита на конкуренцијата спорно е тоа што овој инвеститор сака да добива државна помош со работење во индустриските зони,кога веќе има капацитет кој работи во Скопје.

Градежен институт Македонија за корпорацијата веќе изработува основен проект за нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Поради големината на планираните содржини на проектот, планирано е четири парцели да се спојат во една голема парцела. Самиот објект е планиран да се гради фазно, во првата фаза предвиден е административен дел од 4700м² и производствен дел од 17100м², а во втората фаза предвидени се дополнителни 9600м².

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Предложени мерки за претпазливост за трите лица осомничени за случајот

06/07/2026
Македонија

Ангелов: Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за

06/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување тешко над 2,3 милиони денари

06/07/2026
Македонија

На рочиштето за „Пулс“ презентирани докази од мобилните телефони на

06/07/2026
Македонија

Четворица приведени поради семејно насилство, регистрирани седум случаи за едно

06/07/2026
Македонија

МВР: 11 лица лишени од слобода поради дрога во Скопје,

06/07/2026
Македонија

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во

06/07/2026
Македонија

ЦУК: Еден активен пожар кај Куманово, пет изгаснати на повеќе

06/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44199
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Предложени мерки за претпазливост за трите лица осомничени за случајот со избоденото дете во Ченто

06/07/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје

Ангелов: Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

06/07/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ова лето ќе располага со најмалку 120 доброволни пожарникари кои ќе бидат подготвени за

Кривична пријава за даночно затајување тешко над 2,3 милиони денари

06/07/2026

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен скопјанец и правно лице од Скопје поради сомнение дека со лажно прикажување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy