Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ до Мицкоски: Брука и срамота, Вабтек не е нова инвестиција
Економија

СДСМ до Мицкоски: Брука и срамота, Вабтек не е нова инвестиција

09/07/2024

AA

СДСМ се огласи со реакција,откако вчера премиерот Христијан Мицкоски објави дека „Вабтек“ ќе инвестира 35 милиони евра во нова фабрика во индустриската зона во Скопје за сопирачки за шински возила.

Од СДСМ реагираат дека не станува збор за нова инвестиција, туку за производител кој долго време работи во кругот на некогашен Металски завод „Тито“.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните. Наводно новата инвестиција на Мицкоски е компанија која 16 години веќе работи во Македонија.

Станува збор за барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата. За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка.

ВМРО-ДПМНЕ изгледа смешно и наивно со своите промоции. Во отсуство на реална и сериозна дипломатска агенда на Самитот на НАТО, Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции. И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата“,реагираат од СДСМ.

Доскорешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, синоќа ја поздрави намерата за инвестирање на „Вабтек“. Оваа компанија веќе подолго време работи со загуби, но истовремено сака да издаде акции за зголемување на главнината. За Комисијата за заштита на конкуренцијата спорно е тоа што овој инвеститор сака да добива државна помош со работење во индустриските зони,кога веќе има капацитет кој работи во Скопје.

Градежен институт Македонија за корпорацијата веќе изработува основен проект за нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Поради големината на планираните содржини на проектот, планирано е четири парцели да се спојат во една голема парцела. Самиот објект е планиран да се гради фазно, во првата фаза предвиден е административен дел од 4700м² и производствен дел од 17100м², а во втората фаза предвидени се дополнителни 9600м².

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy