
СДСМ бира ново раководство: Давчевски претседател на ГО, Лазов на ЦО
Во СДСМ моментално во тек е седница на Централниот одбор на која се бира новото раководство на партијата.
Според информациите, до овој момент избран е претседател на Градската организација на СДСМ а тоа е Александар Давчевски.
За претседател на Централниот одбор избран е Герасим Лазов од Кавадарци.
Неофицијално за потпретседателка на партијата ќе.биде избрана екс министерката Јована Тренчевска.
На седницата на ЦО треба да се изберат и новите членови на Извршниот одбор на партијата.

