Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Бараме кривична одговорност за Јанев од БЈБ и оставка од Тошковски
Македонија

СДСМ: Бараме кривична одговорност за Јанев од БЈБ и оставка од Тошковски

13/06/2025

AA

Денес се потврди се, СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден, вели на денешната прес-конференција, Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.

„Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“ и за сите безбедносни пропусти.

Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, не смееме да заборавиме: четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ја прикријат одговорноста. Наместо итно да постапат, тие бранеа и криеја свои функционери, лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца.

Во овој период многу веројатно биле уништувани докази, беше компромитирана истрагата, а родителите беа повторно понижени со лаги и игнорирање.

Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе кривична одговорност. 

Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина.

Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината.

Мицкоски, кој е некрофил сега? Дали си ти или СДСМ?

Денес го отвораме прашањето: колку докази се уништени додека власта ја блокираше правдата?

Колку одговорни лица ќе успеат да избегнат казна поради четиримесечното прикривање?

СДСМ бара целосна одговорност од сите инволвирани – институционална, кривична и политичка.

Јавноста мора да знае кој ја кочеше истрагата, кој ги штитеше виновните, и кој со молк и лаги учествуваше во прикривањето на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.

Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има.

За крај, СДСМ уште еднаш ја поздравува акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во која конечно се лишени од слобода полициски службеници кои биле на должност за време на трагедијата во Кочани“, вели Костовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
Македонија

Циклон ја зафаќа Македонија: Обилни врнежи од дожд и грмежи,

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40598
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026

Вистинска драма се одвивала на улиците на Струга, каде четири лица од Скопје организирале и извршиле грабнување на 23-годишна девојка.

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите ширум светот

25/01/2026

Пасошот не е само документ за патување, туку и мал симбол на националниот идентитет. Бојата на корицата, која на прв

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy