Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ бара одговорност за трагедијата во Кочани: „Власта го штити вистинските виновници“
Македонија

СДСМ бара одговорност за трагедијата во Кочани: „Власта го штити вистинските виновници“

03/06/2025

AA

Соопштението на СДСМ ја отвора јавната дебата за трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени, со силен повик до Обвинителството да преземе конкретни мерки и да ги гони сите одговорни, без исклучок.

Според партијата, истрагата што ја води Обвинителството е затворена без да има ниту еден обвинет функционер од актуелната власт, што според СДСМ покажува намерна заштита на виновниците.

Во соопштението се посочуваат прашања за одговорноста на клучни лица, меѓу кои е началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, која не презела мерки иако имало службени белешки за незаконската работа на дискотеката „Пулс“. Исто така, се истакнува дека сменоводителот во МВР, Драган Казак Петрушев, за кого постојат индиции дека учествувал во затворањето на вратите на дискотеката спротивно на процедурите, не е опфатен со истрагата.

СДСМ ја поставува и дилемата дали Петрушев е заштитен поради политичката припадност кон ВМРО-ДПМНЕ, како и дали Дејан Салтировски, началник на СВР Штип, кој е поврзан со сомнежи за фалсификати во документацијата и кумовски врски со блиски луѓе на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е недопирлив.

„Родителите кои ги загубија своите деца заслужуваат правда и одговорност, а не политичка заштита на виновниците“, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

Партијата повикува Обвинителството да се ослободи од политички влијанија и да постапува независно, барајќи одговорност за сите кои се виновни за трагедијата што го зави Кочани и Македонија во црно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy