
СДК.МК: Избрани на огласот на М-НАВ: Сопругот на директорката на Централен регистар, потпретседателот на УМС и сопругата на Игор Југ
На спорниот оглас, поради кој контролорите на летање во Македонска навигација (М-НАВ) се заканија дека ќе штрајкуваат на 10 јули, примени се: Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, Атанас Стамнов – сопругот на директорката на Централен регистар на Македонија Анита Стамнова, како и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Ѓорѓиев е примен на работното место „студент ВИ“, додека Југ и Стамнов се примени на работното место „помошник за развој и инвестиции и набавки“.
Директорот на М-НАВ Владимир Ристески го бараме упорно неколку дена дена, да го прашаме дали при вработувањето било важно кандидатите да се партиски луѓе, како и за други прашања, но тој ниту одговара на телефонските повици, ниту пишува одговор на испратените смс и вибер пораки.
Читај повеќе на СДК.мк
