
Савиќ и Митровиќ го разочараа Роналдо: Португалецот постигна гол, но остана без трофеј (ВИДЕО)
Натпреварот за Роналдо и Ал Наср не започна лоши бидејќи токму со голот на Португалецот во завршницата од првиот дел на пауза заминаа со предноста од 1:0.
Сепак, во второто полувреме фудбалерите на Ал Наср ги снајде вистински потоп и во 18 минути од 55. до 72. примија четири гола.
Се започна со голот на Милинковиќ-Савиќ, а потоа следуваа два гола на Митровиќ во 63. и 69. минута. Конечните 1:4 ги постави Малком.