
Савески: Се гради ли гради, а третина Македонија со празни станови
„Македонија што не ја знаеме. Македонија со третина празни станови! А при тоа капиталистите од градежништвото (т.н. градежна мафија) градат ли градат. Како да има недостиг од станови…
ПС. Забележете дека и во општините со најмалку празни станови, минимум секој петти стан е празен“, пишува на Фејсбук граѓанскиот активист Здравко Савески кој покрај постот објави и интересна фотографија.
Под фотограијата има прилично интересни коментари.
Еден корисник пишува:
„Цената од квадрат за станови сега е највисока од кога било. Стапката на пораст на цените ја надминува стапката на инфлација, што значи дека поскапувањето не се должи само на инфлацијата, туку и на побарувачката. Затоа градат. Станови има, но по неколку (макар и празни) се во посед на други капиталисти што во услови на криза инвестираат во сигурни добра“...
-Цената на м2 расте, населението се намалува, станови седат празни и не се наоѓаат кираџии, тешко се наоѓа добар стан за купување, а банките даваат хипотекарни кредити со 90% покриеност од хипотеката. Постои преоптимистичко очекување дека недвижностите се најдобра инвестиција за чување и зголемување на капиталот, што се потврдува со децениски раст на цените. Според мене ги има сите симптоми на хипотекарно-кредитен балон. Ќе биде интересно“ – гласи друг коментар.
Трет пак вели дека градежништвото е сива зона каде се перат многу црни пари. Советува да не бараат пазарна логика бидејќи нема да ја најдат.
Секој има право на свое мислење, а дека навистина се гради на секој чекор во метрополата е факт.
Фактор наскоро ќе подготви анализа на оваа тема. Следете нè …