Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сава осигурување го почна прославувањето на 30-годишнината со донација во Црвен крст
Економија

Сава осигурување го почна прославувањето на 30-годишнината со донација во Црвен крст

11/09/2023

AA

Оваа година Сава
осигурување слави три децении постоење на македонскиот пазар. Во тек се
подготовките за прославата со нивните партнери, соработници и пријатели, но од
компанијата велат дека одлучиле да вклучат уште една активност по овој повод, во
духот на нивниот препознатлив слоган „Во друштво на добри луѓе“. Оттаму,
планираните средства за изработка на корпоративни подароци Сава осигурување ги
пренамени за донација во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на Град Скопје.

„Веќе 30 години
се грижиме за околината во која што живееме, работиме и создаваме долгорочни
партнерства. Посветени сме на негување трајни вредности од социјален, еколошки
и економски аспект,а општествено одговорниот однос го втемелуваме во
секојдневното работење.

Во тие рамки
главно се насочуваме кон ранливото население, кон оние кои се на маргините на
општеството и на кои им е потребна нашата помош. Оттаму, републичката мрежа на
Црвениот крст природно стана наш долгогодишен партнер со којшто лесно ја
остваруваме целта да помогнеме онаму кадешто е најпотребно.

Низ годините со
Црвениот крст на Град Скопје заедно поминавме голем број успешни хуманитарни
активности и токму затоа чувствувавме потреба да направиме уште едно заедничко хумано
дело за нашиот јубилеј.

И во иднина продолжуваме да бидеме сигурен поддржувач и
партнер на Црвениот Крст на Град Скопје и
активно да учествуваме во сите идни активности со кои веруваме дека можеме да дадеме огромен придонес и да помагаме каде што е најмног употребно.
Остануваме доследни на нашата мисија која се темели на долгорочни врски
и трајни вредности, и продолжуваме силно да ги втемелуваме 
општествено одговорните активности во нашето секојдневно работење.

На наше огромно
задоволство со донацијата покажавме дека сите заедно можеме да придонесеме и да
помогнеме во хуманитарните активности коишто даваат целосна поддршка на тие на
коишто им е најмногу потребна, односно дека во друштво на добри луѓе навистина
сѐ е возможно, бидејќи знаете дека никогаш не сте сами“ – изјави генералната
директорка Мелита Гугуловска од Сава осигурување. 

За време на
доделувањето на симболичниот чек кој ја означи донацијата, од Црвен крст на
Град Скопје изразија благодарност до компанијата.

„По големиот број
хуманитарни акции на коишто сме соработувале, можам да кажам дека со Сава
осигурување навистина сте во друштво на добри луѓе. Досега ја искористија
секоја можност да се најдат онаму каде што е потребна помош, и на корпоративно
и на индивидуално ниво, особено кога се работи за нашиот Пункт за бездомни
лица.

Затоа се радувам
и ја поздравувам нивната одлука за донација токму тука, по повод овој голем
настан. Им благодарам за убавата досегашна соработка која верувам дека ќе трае
долго знаејќи ја нивната посветеност на грижа за заедницата. Исто така, во оваа
прилика сакам да им го честитам јубилејот со желби за уште поголеми успеси“ – изјави
Сузана Т.Пауновска, Секретар на Црвен крст на Град Скопје.

Покрај
посветеноста на општествено одговорни активности, Сава осигурување а.д. Скопје
е препознатлива како компанија која континуирано работи на развој на иновативни
услуги и продукти за оптимизација на деловните процеси и одржливо работење,
каде како што велат, поддршката и грижата за клиентите е во главниот фокус.

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy