
Саудиските медиуми веќе го избркаа, а Алиоски беше стартер за Ал-Ахли (ВИДЕО)
Тој го одигра речиси целиот меч, односно беше заменет дури во 99. минута од средбата, а беше и трет најдобро оценет фудбалер во својата екипа (8,1) зад ѕвезди како Марез (9,1) и Сеинт-Максимин (8,8).
Ова, сепак, не значи крај на маките на Алиоски, кој и понатаму е на излезна врата од Ал-Ахли, но не поради лошите игри туку поради преголемиот број странски фудбалери во оваа екипа, кои имаат позвучни имиња.
