
Саудискиот престолонаследник и Зеленски разговараa за постигнување мир во Украина
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за напорите за постигнување „одржлив, праведен и сеопфатен“ мир во Украина, се вели во заедничката изјава објавена од саудиската агенција за печат (SPA).
Зеленски и американскиот државен секретар Марко Рубио од вчера се во Саудиска Арабија, а денеска треба да се сретнат украинските и американските претставници за да разговараат за можни решенија за ставање крај на војната.
За време на средбата, престолонаследникот Мохамад и Зеленски истакнаа дека ќе работат на подобрување на инвестициите меѓу двете земји, фокусирајќи се на секторите како што се енергијата, прехранбената индустрија и инфраструктурата, објави Ројтерс.