
Саудиска Арабија ги „ќари“ најдобрите тенисерки – барем за во следните три години!
Годинешниот завршен собир во женска конкуренција ќе се одржи од 2 до 9 ноември и покрај најдобрите во поединечна ќе ги собере осумте најдобри тенисерки во игра на двојки.
„Да се има женски турнир од оваа големина и профил е одлучувачки момент за тенисот во Саудиска Арабија. Финалето на ВТА има моќ да навлезе многу подалеку од спортот, особено нашите млади девојки и жени“, изјави саудискиот министер за спорт, принцот Абдулазиз бин Турки Ал-Фајсал Ал-Сауд.
Наградниот фонд за првото издание на турнирот во Саудиска Арабија ќе изнесува 15,25 милиони долари, а договорот предвидува дополнително зголемување за во 2025 и 2026 година.

