
Саубермахер од Тетово: Поради снегот не можеме да го собереме отпадот
Австриската компанија „Саубермахер“ која управува со отпадот во Тетово јавува дека поради неповолните временски услови и континуираното врнење на снег, во одредени населени места на територијата на Општина Тетово доаѓа до одложување на собирањето на комуналниот отпад, односно истото нема да може да се реализира во предвиденото време поради отежнатите услови за пристап.
„Собирањето на отпадот од страна на компанијата Саубермахер Тетово ќе продолжи и ќе се реализира веднаш по подобрување на условите и овозможување безбеден и непречен пристап за возилата на терен. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение до нормализирање на состојбата“, велат од компанијата.
