
Саса ја преживеа Битола за да опстане, Тетекс го завери баражот за опстанок!
Имаше Пелистер повќе шанси, еднаш погоди и дирек, но тимот од Македонска Каменица го оствари тоа по што беше дојдена на „Петар Милошевски“ во Битола, да освои бод, па во 90 минути одолеа и ремизираше без голови за формално да го завери сигурниот опстанок, најмногу и поради подобриот меѓусебен скор со Тетекс, кој со триумфот во Врапчиште бодовно се израмни со Саса.
Локомотива Пехчево во Синѓелиќ ја победи Беса со 2-0, но таа победа остана залудна зашто овој тим оди во третолигашка конкуренција, како и Слога Виница која денеска загуби со 1-2 во Радовиш кај Детонит Плачковица и од поодамна испаднатиот и најслаб сезонава Борец.
Сигурни учесници во Втората лига во идната сезона се Пелистер, Беса, Детонит Плачковица, Арсими, Охрид, Беласица, Караорман, Кожув и Каменица Саса, како и Победа која испадна од Првата лига. Останатите екипи ќе бидат познати по баражите, поразениот од Скопје или Вардар во баражот за Првата лига, како и победниците од трите баражи за втората лига во кои ќе играат петте најдобри од третолигашката конкуренција плус Тетекс.
За пласман во Втората лига преку баражи ќе се борат Влазрими, Башкими, Новаци, Осогово и Вардар Неготино, плус Тетекс низ три дуели на неутрален терен.