Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа
Магазин

Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа

06/01/2025

AA

Македонската музика позната по своите традиционални ноти, но истовремено и трансформативни и современи изведби во новата доба, дефинитивно е сржта на безвременската убавина на секоја македонска песна.

Пејачката Сара Мејс и покрај својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во својот втор дом Македонската опера и балет, храбро и без двоумење го прифати предизвикот на Македонското библиско здружение по повод 30 години од постоењето на здружението, за овековечување на „Псалм 150“, преку своја уникатна музичка замисла.

„Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодија од замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело за Псалм 150 и оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската Православна Црква, Македонското Библиско Здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде и е снимен видео записот. Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа во октомври 2024та за време на промоцијата на псалтирот, преведен на современ македонски јазик (Псалтир – Книгата Псалми), во издание на здружението, кој изобилува со прекрасни псалми од Библијата. Убавината на македонската музика и христијанските православни вредности ми беа мотивација, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници,“ изјави пејачката Сара Мејс.

„Псалм 150“ е снимена во студиото The Basement, музиката е на Сара Мејс, видео записот е на режисерот Ѓорги Трпески, а за стајлингот на Сара во видео спотот се погрижи тимот на пејачката Hairhouse и MUA & Styling: FRAN.

Сара Мејс & the Girlzz својата зимска турнеја ја започнаа во декември во Битола, Штип, Крива Паланка, каде продолжија на скопскиот плоштад за дочекот на Нова Година, како и во Охрид за првиот ден од годината. На 10ти јануари последниот концерт на Sarah Mace & The Girlzz ќе се реализира во Велес во театарот „Јордан Х. К. – Џинот“, заедно со Камерниот оркестар на Битола. Концертот во Велес е од хуманитарен карактер и сите собрани средства од продадените билети целосно ќе бидат донирани на Црвен Крст – Велес. Средствата ќе бидат донирани на оние на кои им е најпотребна помош и подадена рака за време на празниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy