
Санчо бара излез од Јунајтед – макар и во поранешниот клуб
Поради тоа, англискиот репрезентативец бара солуција за спас на кариерата и затоа размислува за враќање во својот поранешен клуб Борусија Дортмунд. За „милионерите“ во четири сезони одигра 137 натпревари на кои постигна 50 гола и оствари 64 асистенции пред да се пресели во Јунајтед за 85 милиони евра.
Ефектот со „црвените ѓаволи“ му е далеку од оној во Дортмунд, на 82 натпревара постигна 12 гола и 6 асистенции, а се чини дека уште долго ќе остане на оваа бројка. Негова желба е да се врати во Борусија веќе во јануари, а на крајот од сезоната да бара перманентно решение.
