Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Само пет проценти од македонските компании извезуваат-промената на оваа состојба е првата задача на Националниот совет за извоз
Економија

Само пет проценти од македонските компании извезуваат-промената на оваа состојба е првата задача на Националниот совет за извоз

09/05/2023

AA

Извршните директори на најголемите компании – извозници од земјава и членовите на Националниот совет за извоз предводен од претседателот Бранко Азески денеска одржаа работен состанок во компанија Џонсон Мети.

На едночасовната средба се разговараше за важноста на извозот и проблемите со кои се соочуваат извозно-ориентираните компании и целите кои ги остварува Националниот совет за извоз, новоформирано тело составено од претставници на владини институции и на приватниот сектор. По завршување на состанокот, присутните направија обиколка на фабриката.

Бранко Азески, како претседател на Советот му врачи признание на извршниот директор на Џонсон Мети,Боријан Борозанов за компанија-најголем извозник во македонската економија. Пред присутните новинари изјави дека само пет проценти од македонските компании извезуваат, што е поразителна бројка. И промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз.

„Ќе ја промениме методологијата во работењето. Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот. Ќе инсистираме на нови предлози. Право да дава предлози ќе има само оној којшто е подготвен да помогне, а не тој што само критикува. На Македонија и е судено, алфа и омега, за нејзиниот опстанокот да биде извозот и мора да поставивме приоритети кои тоа ќе го поддржат. Втора работа е што многу мал број компании во нашата држава се вклучени во синџирите за снабдување на странските инвеститори, а тоа е треба да добие на интензитет“, изјави Азески. 

Борозанов, извршниот директор на Џонсон Мети, потенцираше дека Националниот совет за извоз ќе има клучна улога и ќе помогне за подобра координација, споделување на најдобрите практики и севкупен раст на националната економија.

„Само преку дијалог и брзи акции може да постигнеме повисоко ниво на извоз, повисока додадена вредност и подобар животен стандард. Минатата година достигнавме важна пресвртница од 120 милиони произведени парчиња. Нашите 1000 членови на тимот се многу горди на фактот дека едно од три возила во Европа има дел кој минал низ наши раце. Едно од три возила во Европа има печат „Made in Macedonia“. Нашите најсовремени производи го намалуваат загадувањето и воздухот го прават почист и поздрав“, вели Борозанов.

Џонсон Мети е присутен во Македонија повеќе од 14 години со повеќе инвестициски циклуси кои кумулираат инвестиции од близу 200 милиони евра во некои од најнапредните технологии за контрола на емисии. Опслужува повеќе од 40 различни клиенти, вклучувајќи ги сите главни OEM и автомобилски брендови. Фабриката во Македонија е една од најнапредните во групата и служи како мост што ја поврзува Македонија со повеќе од 30 глобални извозни пазари.

Националниот совет за извоз претставува национално и советодавно тело во доменот на креирање и спроведување на политики за унапредување на извозот, зајакнување на извозните потенцијални на домашната економија, поттикнување на конкурентноста на извозно ориентираните компании и освојување на нови пазари. Советот со кого претседава Стопанската комора на Северна Македонија е формиран во рамки на проектот за „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој Стопанската комора го спроведува во партнерство со УСАИД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41486
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy