Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Само на 1 од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат
Македонија

Само на 1 од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат

20/07/2023

AA

Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) организираше јавен настан на кој беа презентирани клучните наоди од Анализата за пристапот до високо образование на лицата со попреченост која ја изготвија Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците” во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на ВФД во рамки на проектот „Практикувај демократија” поддржан од Британската амбасада во Северна Македонија.

Анализата ја утврдува физичката пристапност на државните факултети, достапната литература, асистивна технологија и друг вид на поддршка за студентите со попреченост. Анализата е спроведена преку прашалник пополнет од 40 факултети, теренски увид во физичката пристапност на 17 факултети на 4 универзитетски кампуси, како и фокус групи и интервјуа. Автор на анализата е Кристијан Лазарев од Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците”.

Дури на 55% од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на студенти со попреченост. Ниту еден факултет не ги објавува своите соопштенија и документи во брајов формат, пристапен аудио формат или стандардно писмо во зголемен формат. Голем дел од предавалните и библиотеките се со ограничена физичка пристапност, а дури на 55 % од факултетите нема лифт, иако факултетите се на повеќе катови. За 40 % од студентите со попреченост јавниот превоз е целосно непристапен. Само на 10 % од факултетите студентите со попреченост формално може да добијат литература во пристапен (аудио или дигитален) формат.

На настанот се обрати заменичката на Народниот правобранител – г-а Васка Бајрамовска -Мустафа:
„Оваа анализа е прв чекор кон независност на лицата со попреченост и овозможување на нивното право на високо образование, а особено имајќи предвид дека се соочуваме со недостиг на податоци во оваа област и видливоста на студентите со попреченост.

Според нашите информации, најголем број на млади со попреченост по завршување на средното образование не се одлучуваат да го продолжат образованието поради немање на соодветен пристап. Бројот на 50тина студентите во сите три циклуси на студии алармира за овој проблем. Како општество мораме по посветено да работиме за овозможување на живот и високо образование за лицата со попреченост. “

Според пратеничката Жаклина Лазаревска од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп:
„Членовите на Интер партиската парламентарна група се стремат кон целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Националната стратегија за образование како и националната стратегија за правата на лицата со попреченост содржат бројни активности кои се генерално во надлежност на Министерството за образование и наука со цел континуитет на унапредување на правата на младите и создавање на инклузивна средина.

Наша обврска е да обезбедиме лицата со попреченост да имаат и пристап до високото на образование без дискриминација и на еднаква основа со другите, без разлика на автономијата на универзитетите. Анализите од ваков вид треба да бидат презентирани и пред пратениците со задолжително присуство на претставниците на универзитетите.“

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-дин Исмаил Камбери потенцираше дека

„Секој човек има свои уникатни перспективи и потенцијали, наша обврска е да овозможиме секој поединец да унапредува во општеството без дискриминација. Комисијата до сега има утврдено дискриминација во 11 случаи од кои 2 се во областа на образованието.

Свесност, пристапност и развивање на политики за еднаквост се клучни за нашето општество. Политиките за обезбедување еднаквост и инклузивност во областите на вработување, образование и социјална интеграција се клучни за користење на потенцијалот на лицата со попреченост во нашето општество во целина.

Мерката за унапредување на државата не лежи само во нејзиниот економски раст, туку како ги третираме маргинализираните лица во општеството.”

Директорката на ВФД во Северна Македонија, Дона Костуранова истакна „За да имаме еднаквост на лицата со попреченост во општеството, еден од предусловите е еднаков пристап до образование, вклучувајќи го и високото образование. Во моментов, високото образование е недостапно за многу лица со попреченост, што ги ограничува и нивните можности за образовен и професионален развој и директно влијае на квалитетот на живот и можностите“.

За поеднаков пристап до високото образование, анализата препорачува дека пристапноста треба да биде критериум во набавките, реконструкцијата и стратешкото планирање на факултетите и студентските домови, да  се обезбеди асистивна технологија и помагала, и да се обезбеди стручна и научна литература во пристапни формати, како и пристапен транспорт за студентите со попреченост. Меѓу другото треба задолжително да се почне со водење дигитална евиденција за статистички податоци за студентите со попреченост, за подобро планирање на нивните потреби и инклузивноста на факултетот како и формално назначување на административни асистенти за поддршка на студентите со попреченост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy