
Само бод за Наполи од Болоња, Осимен промаши пенал! (ВИДЕО)
Наполи влегува во криза, по победите во првите две кола, веќе на три меча по ред не се израдува на триумф.
Елиф Елмас кој денеска наполни 24 години, мечот го почна од клупата за резерви. Во игра влезе во 76. минута од натпреварот.
Највозбудливиот момент на мечот се случи четири минути претходно кога Осимен имаше шанса од пенал да донесе водство за Наполи, но го промаши целиот гол.
По пет одиграни кола Наполи има собрано само осум гола, две победи, еден пораз и две нерешени средби.