
САМИТ НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Лавров: Бугарија вети дека ќе го отвори воздушниот простор за руската делегација
Бугарија вети дека ќе го отвори својот воздушен простор за да може руската делегација да учествува на самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Северна Македонија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во своето обраќање пред учесниците на научниот и стручниот форум „Примакововите читања“ во Москва, тој рече дека Северна Македонија ја поканила руската делегација на Министерскиот состанок на ОБСЕ.
– Се чини дека Северна Македонија не покани на министерскиот состанок на ОБСЕ, а се чини дека Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако тоа се случи, ќе бидеме таму – рече Лавров.
