Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самит на Македонија 2025 – просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство
Македонија

Самит на Македонија 2025 – просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство

30/03/2023

AA

Дигитална трансформација, зајакнување на претприемничките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ESG (environment, society, governance) стандардите, се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на годинешниот Самит на Македонија 2025. На овој престижен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаење, поврзување и поттикнување промени во регионот, ќе присуствуваат повеќе од 40 говорници, врвни експерти во својата област. На Самитот ќе се разговара за регионални и глобални теми, меѓу кои се и стратешкото лидерство и ChatGPT. Дел од панелите ќе бидат посветени и на значењето на СТЕМ образованието во процесот на градење на просперитетна економија која напредува со иновации и креативност, како и на трендовите за здрав живот и навики.

Самитот ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 април годинава и се очекуваат околу 400 учесници, кои освен што ќе ги слушнат излагањата на панелистите, ќе имаат и уникатна можност за вмрежување со исклучителни професионалци и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори. Во насока на унапредување на овој сегмент, Македонија 2025 има подготвено  платформа за просперитетна иднина, која нуди основа за обединување на сите засегнати страни и усогласеност на клучните приоритети за долгорочен развој и за подобра иднина на Македонија и на регионот.

Дел од говорниците на Самитот ќе бидат: Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република С. Македонија, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, Кетеван Бочоришвили, поранешен заменик министер за економија и одржлив развој на Грузија и управен партнер на „Бизнис Грузија“, Кам Бакнер, претставник на државата Илиноис, поранешен кандидат за градоначалник на Чикаго, Тед Саудер, поранешен член на менаџментот на Google, Никола Јуришиќ, основач и управен партнер во Transfiguration Advisory, Иван Артуковиќ, извршен директор на Франк, Живко Мукаетов, извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид, Вал Јусуфи, извршен директор на Институтот ЛЕОРОН, Бранко Станчев, главен комерцијален директор во Македонски Телеком АД, Гурудут Банавар, научен и технолошки иноватор, претприемач, инвеститор и хуманист, Сурав Синха, партнер и раководител за стратегија во Longevity Vision Fund, Никола Велковски, ко-основач и извршен директор на Howitzer и многу други истакнати личности во повеќе области. Повеќе информации за учество на Самитот се достапни на официјалната веб-страница:  https://www.macedonia2025.com/summit/.

Пред официјалниот почеток на Самитот, на 25 април 2023, Македонија 2025 ќе организира и неколку дополнителни активности во соработка со претседателот на Република С. Македонија и Стопанската Комора на Северна Македонија.

Самитот на Македонија 2025 годинава се одржува по 12-ти пат, а го организира меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy