Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии
Економија

Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии

26/04/2023

AA

Зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на
градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и
успешна општествена трансформација е централна тема на годинешниот Самит
Македонија 2025, што започна денес, а ќе трае и во текот на утрешниот ден. На
самитот кој годинава се одржува по 12-ти пат, над 40 говорници ќе зборуваат пред повеќе од
500 гости.

Извршната директорка на Македонија 2025, Никица Моjсоска Блажевски, во
своето обраќање на отворањето на Самитот, потсети за улогата и мисијата на
организацијата.

„Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е поддршка на
напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора во актуелните
случувања во земјата во насока на градење на силна и просперитетна нација. Сите
ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните генерации да обезбедиме
подобра и попросперитетна иднина, повисок животен стандард и квалитет на живот.
Во таа насока ние се стремиме преку нашите активности да ги обединиме сите
засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети и да работиме кон
постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025 преку своите
активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон развој на земјата“.

Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано програми за
економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите
образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие
програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

На отворањето на Самитот се обрати и претседателот на Владата Димитар
Ковачевски кој ја истакна важноста на приватниот сектор за развојот на
економијата. Ковачевски зборуваше и за економските реформи, инвестициите и
предизвиците со кои се соочува земјата.

Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 на Македонија2025 разговараше со Роберт Доар,
директор на Американскиот Институт за Претпријатија (АИП) на тема долгорочен
економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на
економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за
американски сон“.

Мајк Зафировски се
осврна на наодите од извештајот на Светска Банка за Западниот Балкан,
потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни
реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и
вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална
соработка. 

На првиот ден на Самитот беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и
граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките
капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап
преку примена на ЕСГ (environment,
society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании
од регионот.

Дел од Самитот
Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците
на дијаспората, кое се доделува под покровителство на Претседателот на РСМ,
Стево Пендаровски. Ова признание кое беше доделено вчера го добија Софи и Митре
Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во
рамки на Фондацијата Атанас Близнаков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy