Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Самит Македонија 2025: Фокусот се става на здравјето и физичките активности за поголем економски развој
Економија

Самит Македонија 2025: Фокусот се става на здравјето и физичките активности за поголем економски развој

27/04/2023

AA

Колку е важно здравјето на
граѓаните, и дали се потребни промени во навиките за да се зачува здравјето на
граѓаните, што индиректно влијае и врз ефективноста на работа. Значењето на
здравјето добива поинаков фокус по пандемијата и учесниците во денешниот панел
„Правете добро за да ја зголемите долговечноста и продуктивноста“ на Самитот
Македонија 2025 го истакнаа ова, додавајќи дека ќе мора да се менуваат навиките
кај граѓаните, но и кај медицинскиот сектор.

За Александар Митов,
специјалист за јавно здравје, прв негативен тренд на општото јавно здравје се
социјалните медиуми.

–  Иако јас имам над 150 илајди следбеници на Фејсбук, но од
друга страна Институтот за јавно здравје има многу малку следбеници. Се
прашувам дали ова е толку важно. Но, има поединци кои имаат поголемо влијание
врз јавноста отколку Министерствата и институциите, и оваа е тренд. Но овој
тренд според мене е под знак на прашање.  Во овој дел од светот, особено во Македонија,
не гледам дискусии за менталното здравје колку што би требало. Ако ова не се
реши може да премине во поголем проблем – посочува Митов.

Водено докторот дополни дека
полека се случува поромена со коа се движиме во насока здравството и медицината
да се придвижат од лекување да се премине на превенција.

–  Ова не е така лесно. Сега главен фокус е кај лекувањето,
бидејќи тоа е попрофитабилно. Еден тренд кој се чуствува сега кај нас е раст на
гојазноста, но не гледаме мерки кои се преземаат за да се спречи. Медицината
следи протокол, и се држат до тој протокол. А факт е дека голем број медицински
лица на исхраната гледаат како на алтернативна медицина, а тоа воопшто не
требаа да е така, напротив исхраната е клучна во здравиот живот. Сметам дека
моите колеги ќе мораат да ја прифатат улогата на едукатори, да ги распрашуваат
какви се нивните навики, како да останат пациентите здрави. Секогаш ќе има
лекување, но сметам дека се повеќе ќе се насочат кон превенција – укажа Митов.

Јасмина Бобан, радиолог при
Институтот за Онкологија во Војводина на панело исткан дека пандемијата со
ковид ја преврте концепцијата за јавно здравје, за нашето лично здравје.

–  Она што излегува на површина е улогата на значењето на
дијагнотиката, и на сега вештачката интелегенција во дијагностиката. Повеќето
лекари не се чуствуваат комотни да работат со неа. Многу од нас се плашат дека
ќе бидат заменети од неа. Од друга страна дел од нас ја забораваат
традицоналанта медицина, нефармацевската медицина, на физичката активност…
Ова се трендови кои се спротивставени, и чекаме да видиме како ќе излезе во
иднина. Сметам дека превенцијата ќе добие поголемо значење во медицината. Не се
доволни едно две решенија, туку потребно е да се симнете од облакот, и да се
обидете да ги убедите пациентите да променат некои навики. Јас како
нурорадиолог од областа посветувам големо внимание и би посочила дека сега веќе
знаеме дека поврзаноста меѓу стомакот и мозокот е многу поврзана и мора да се
променат некои навики – посочи Бобан.  

Од друга страна Дејвид Евангелиста,
претседaтел на Специјалната Олимпијада на Европа и Евроазија истакна дека луѓето
со попреченост не треба да се мешаат со лицата со ментални болести.

– Состојби како Даунов синдром и други кои често се предмет на стигма. Ова
е популација која ние ја претставуваме. Тоа е движење за спорт во 90 и нешто
земји. Тоа е популација која има поголема опасност да почине од ковид, тоа има
врска со комобордитетите. Сега се зборува за оваа популација, а тие опфаќаат
можеби 4 проценти од населението, и тоа насекаде во светот. Иако тие се
сочуваат со пречки за здравствена едукација, па семејството страда од
сиромаштија, бидејќи тие мора да одлучат дали да работат или да се грижат за
семејството. Земјите кои инвестираат во инклунзивна заштита имаат поголем
економски раст. Но, добро е што сега се промени трендот за прифаќање на лицата
со посебни потреби – потенцираше Евангелиста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy