Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САМИ МОЖЕМЕ ДА ЈА УКИНЕМЕ ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, НО САКАМЕ ИНКЛУЗИВЕН ПРОЦЕС До скоро СДСМ бараше лидерска средба, а сега Филипче ја одбива
Македонија

САМИ МОЖЕМЕ ДА ЈА УКИНЕМЕ ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, НО САКАМЕ ИНКЛУЗИВЕН ПРОЦЕС До скоро СДСМ бараше лидерска средба, а сега Филипче ја одбива

08/01/2026

AA

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме пратенички групи во Собранието, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска рече дека нема да оди на лидерската средба и дека партијата сака да остане техничката влада.

– Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба – рече премиерот Мицкоски.

Сакавме да поразговараме и за реформските закони, кои исто така треба да се донесат во  Парламентот, додаде Мицкоски.

– Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес – рече Мицкоски.

Ќе повторам, додаде тој, нам апсолутното мнозинство ни овозможува тоа да го направиме и без консултации.

– Имаме неодговорна, неконструктивна опозиција, безидејна, која се служи со вакви квалификации какви што слушнавме од Филипче. Ваквиот тип однесување во јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор што го потпишал со СДСМ, па претпоставувам дел од обврските од тој договор се ваквите коментари за Владата и одбивањето на ваквите средби. Но, тоа е негов избор – рече премиерот.

Тој додаде дека денеска или утре формално ќе бидат доставени поканите за средбата која е планирана да се одржи на 14 јануари во Клубот на пратеници.

– Збунувачки се пораките од опозицијата, до скоро тие бараа лидерска средба. Велат дека се за интегрирање во ЕУ, зборуваме за реформските закони, а тие бегаат од средбата. Навистина збунувачко и нејасно однесување, но тоа е што е. Ние ќе работиме во интерес на граѓаните, ќе градиме, ќе сториме сè што е наша моќ да ги придвижиме процесите напред, а тие одбрале да тонат во своето политичко опозициско мочуриште – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија.

ФИЛИПЧЕ НЕМА ДА ОДИ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ Техничката влада мора да остане

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy