Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „SALVATORE“ – РЕСТОРАН ШТО ГИ ОТСЛИКУВА ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕФИНЕТОСТ И КУЛТУРА
Економија

„SALVATORE“ – РЕСТОРАН ШТО ГИ ОТСЛИКУВА ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕФИНЕТОСТ И КУЛТУРА

06/06/2024

AA

На
падините на Водно, во елитниот комплекс „
Panorama Residence“ почна со работа новиот ресторан„Salvatore All Day Italian
Restaurant & Bar“. Љубителите на вкусни италијански специјалитети и
квалитетно вино отсега имаат ново место за уживање далеку од градскиот метеж.
Во пријатна и релаксирана атмосфера, новиот ресторан со својот уникатен стил и
дизајн, распространет на над 350 квадратни метри, во детали ги отсликува италијанската
префинетост и култура. Располага со капацитет од 105 места, распоредени во
затворениот и отворениот дел на ресторанот. Целокупниот персонал е максимално
посветен да обезбеди квалитетна услуга, со цел да се чувствувате удобно и во
пријатна атмосфера да уживате во вкусната храна и вино.

Градски ресторан за секоја пригода

Уникатноста
на „Salvatore“ е во тоа што е конципиран да понуди различен
спектар на менија и сетинзи, од наједноставни до најлуксузни. „Salvatore“ ќе биде ресторан за секоја пригода – од
едноставно уживање со апетисани и пијалак, место каде што можете да го испиете
вашето утринско кафе, да закажете ручек и вечера со колегите и соработнците, до
ресторан во кој можете да го организирате вашиот деловен настан. Ресторанот
содржи и фитнес-мени со различни протеински оброци и освежителни пијалаци, па „Salvatore“ е вашето идеално место за одмор и
релаксација по тренингот или прошетката на Водно со пријателите. Во отворениот
дел на ресторанот, добредојдени сте да одморите по прошетката заедно со вашето
милениче.

Уникатни рецепти од светски познатите
италијански ресторани

Она
што го прави единствен и уникатен ресторанот „Salvatore“
e широкиот избор на рецепти од италијанската
кујна подготвени од Јакуп Томицин, професионален готвач со повеќе од 30 години
искуство. Јакуп Томицин има импозантна биографија, креирајќи ги менијата на
светски познати ресторани, меѓу кои и познатиот синџир на ресторани „Paper Moon“во Истанбул. Благодарение на неговото
искуство и умешност, гостите во ресторанот„Salvatore“
ќе имаат можност да ги пробаат уникатните италијански рецепти, кои се подготвуваат
во италијанскитересторани ширум светот.

За
да се доживее целосно магијата на италијанската култура, гостите ќе имаат
можност да уживаат и во уникатниот вкус на италијански и француски вина по
најдостапни цени во градот. Винското мени во „Salvatore“
е дел од ексклузивната колекција на компанијата „Алхемист“, која содржи внимателно избрани етикети на најпознатите производители на вина, како што се: „Valdo“, „Peyrassol“, „Dezzani“, „La
Scolca“, „Rocca“, „Louis Latour“, „Tenuta Casenuove“.

Обезбедено
паркинг-место преку специјалнатауслуга„
Valet Parking“

Мисијата
на „Salvatore“ е да ја понуди најдобрата услуга за своите
гости. Целта на ресторанот е гостите целосно да се препуштат на добрата храна и
вино, а персоналот да се погрижи за секој детаљ. „Salvatore“е единствен ресторан кај нас што ја нуди
персонализираната услуга „Valet Parking“ преку која
секој гостин може да го препушти автомобилот на посебен сервис кој ќе се погрижи
за паркирањето.

Наскоро
ресторанот ќе понуди бесплатна достава, промоции и попусти

Од самото отворање, ресторанот првично ќе понуди
бесплатна достава за жителите на „Panorama Residence“, а наскоро„Salvatore“ најавува и
комплетна бесплатна достава во градот. Корисниците
на сите платежни картички на Стопанска банка АД Битола и Diners Advantage картичката имаат 20%
попуст на услугите во ресторанот.

Ресторанот„Salvatore“ е
лоциран во комплексот „Panorama Residence“, во таканаречениот „Panorama Square“, каде
што се наоѓаат и најсовремен фитнес-центар, сауна и парна бања.За резервации и
информации за ресторанот, јавете се на 02/3220-203.Сите
новитети и промоции следете ги на профилот на Инстаграм, „Salvatore_skopje“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy