
Сали: Спремен сум да се повлечам од функцијата за доброто на партијата
Министерот за здравство Беким Сали вчера истакна дека е подготвен да си замине од министерската функција, доколку партијата го побара тоа од него.
Тој вели дека за разлика од другите партии, во Алтернатива нема фиксни места.
„Мојата позиција како министер не треба да биде дискутабилна. Подготвен сум да заминам заради партиските интереси. Менувањето на имињата е нормално. За разлика од другите партии, ние не инсистираме човек нужно да има работа овде или таму“, рече Сали.