Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите
Економија

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

25/04/2024

AA

Младите доколку
сакаат да имаат успех на професионален план, потребно е да ги шират контактите.

Поголем број на
контакти отвораат повеќе можности за побрзо и полесно пронаоѓање на нова
работа, за ширење на соработката, за споделување на искуства и учење на нови
работи.  Катерина Златановска Попова,
советничка за развој на кариера и обучувач за меки вештини вели дека е важно да имате добри контакти ако сакате да
напредувате и да бидете успешни.

„Особено е
важно кого познаваш и кој те познава тебе. Токму затоа, во мојата работа со
младите луѓе, постојано нагласувам дека користењето на социјалните мрежи треба
да е мудро и во контекст на стратешко претставување на својата личност и своите
вештини. Посебно клучна улога во овој контекст има LinkedIn, мрежа со
над милијарда корисници каде понудата и побарувачката на квалитетни
професионалци е континуирана и воедно пронаоѓањето на работа е многу полесно и
побрзо. Вмрежувањето за некои од нас е многу едноставно
и лесно, додека пак за други е навистина сериозен предизвик. Сè зависи од личноста, а многу веројатно една
одредена група на личности со посебен интерес ќе разменат визит картички со
сите учесници бидејќи тоа едноставно е дел од нивната „ДНК“. Силно верувам дека
обуките и семинарите, особено оние кои траат подолг временски период се одлично
место за нови познанства, градење на нови релации и отпочнување на нови
соработки“, објаснува Златановска
Попова.

Додава дека исклучително
е важно со кого сте опкружени, од кого учите и кои се вашите модели за да се
развивате и растете како личност и приватно и професионално. 

„Би рекла
дека многу зависи од личноста. Некои луѓе се опуштени само ако се опкружени со
слични на себе, со слични интереси. Други пак, посакуваат да познаваат што
повеќе различни луѓе и имаат вистински интерес за различни области и
сектори. Постои едно истражување, па дури и видео игра (Six steps to Kavin
Bacon) кои тврдат дека до било која личност на светот може да се стаса
преку 6 чекори. Филозофијата е едноставна, поаѓа од идејата дека сè во природата
функционира како мрежа која во одредени моменти се спојува и разгранува
(нервниот систем кај човекот, електричната мрежа, компјутерските мрежи и сл.),
па така е и со релациите помеѓу луѓето, сите се меѓусебно поврзани и потребно е
само да познаваш некого, што познава некого, што познава некого…Што мислите,
во Македонија колку чекори ви се потребни за да стигнете до било која личност?
Обидете се, многу е интересно и воедно многу вистинито, јас неколку пати го
имам тестирано ова и секогаш се покажало како точно. Е сега, клучно прашање е
во која група повеќе се препознавате…и можеби најважно, дали во своето
најблиско опкружување имате некој кој познава некој, кој познава некој“, вели Златановска Попова.

Денес онлајн има шанси за
пријавување на многу обуки и семинари кои се од меѓународен карактер.

„Сум посетила многу
семинари каде присуствувале колеги од Македонија, но и предавачи од Србија,
Бугарија, Франција, Британија, Босна и Херцеговина, Швајцарија. Последен пат
кога останав без работа, благодарение на многуте контакти, успеав за многу
кратко време да пронајдам нова работа“, вели наша соговорничка.

Се смета дека контактите
позитивно влијаат на идеите за работа, креативноста, прават да бидете видливи и
слично. Повеќе контакти значат и повеќе луѓе од кои можете да побарате совет,
информација, препорака. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/creativeart

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy