Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“: Антикоцкање конечно призна дека дистанцата од 500 метри е затворање на легалните објекти на Игри на среќа
Македонија

„Сакам да работам“: Антикоцкање конечно призна дека дистанцата од 500 метри е затворање на легалните објекти на Игри на среќа

20/12/2023

AA

Маските паднаа! Се потврди она што го тврдиме. Движењето „Антикоцкање“ од Тетово само се затскрива зад приказната дека е загрижена за младите, а всушност нивната главна цел е затворање на легалните објекти. Затоа со право ги нарекуваме „Група за играње на црно“.

На денешната прес конференција во Тетово, претставникот на „Антикоцкање“, со манипулацијата дека наводно Премиерот и други државни органи ни ветиле дека ќе не вработат во јавната администрација, всушност призна дека е точно дека со усвојувањето на скандалозните и противуставни законски измени, 10 илјади луѓе ќе останат без своите работни места. Од сега па натаму никој повеќе не треба да има дилема дека последиците од овие законски измени ќе бидат катастрофални по македонската економија. Ќе се затвори целосно легален сектор, за да се отвораат диви играчници по подруми, младите навистина ќе бидат загрозени, државата нема да има никаква контрола, ние ќе треба заедно со своите семејства, да си го бараме чарето во западните земји каде повторно ќе работиме во секторот игри на среќа.

Бидејќи повторно вршите притисок врз пратениците, дури поставувате рокови до кога да се изгласаат законските измени за затворање на легалните игри на среќа, добро е на пратениците да им ги одговорите следните прашања:

Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво?

Кога веќе дрско и грубо изнесувате невистини дека ни е ветено вработување во јавна администрација конечно охрабрете и кажете ја вистината 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, чиј матен бизнис интерес вие браните?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy