Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САКАЛЕ ДА СЕ ОДМАЗДАТ ЗА БРАЌАТА ТЕРОРИСТИ Тројца радикални исламисти завршија во притвор
Македонија

САКАЛЕ ДА СЕ ОДМАЗДАТ ЗА БРАЌАТА ТЕРОРИСТИ Тројца радикални исламисти завршија во притвор

07/02/2026

AA

Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почна истрага против 3 лица од Скопје, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Постои основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела Злосторничко здружување и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа, кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело Терористичка организација. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на групата Исламска држава, како и за набавка на оружје“, соопшти Јавното обвинителство.

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавниот обвинител од ОЈО ГОКК вчера беа извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје, при што се пронајдени и одземени парчиња огнено оружје, електронски уреди и други материјални докази.

„По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на законските основи предвидени во Законот за кривична постапка“, соопшти Обвинителството.

Лани во јануари полицијата уапси 4 лица по извршени претреси на 5 локации во Скопје и во Гостивар, при што беа одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети. ЈО тогаш соопшти дека уапсените на повеќе канали на Телеграм споделувале преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови и им поднесе кривилни пријави за делото Терористичка организација.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy