
Саинц се закани дека ќе го напушти Ферари
Саинц се закани дека ќе го напушти Ферари доколку наскоро не биде постигнат договор меѓу двете страни.
„Нема да лажам, не сакам да ја почнам сезоната во тим и притоа да знам дека тоа ми е последна година. Имав искуство со Ред Бул и Рено и кога не знаеш што ќе се случува во иднина, тогаш е најтешко за професионален возач. Ако не може да постигнеме договор, тогаш ќе морам да заминам на друго место“, кажа Саинц.