Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САХАРСКА ПРАШИНА ЈА ЗАДУШИ СРБИЈА: Доаѓа ли во Македонија?
Регион

САХАРСКА ПРАШИНА ЈА ЗАДУШИ СРБИЈА: Доаѓа ли во Македонија?

31/03/2023

AA

Утрово во Србија и Белград осамна облачно, но и релативно топло, а во делови од земјата покрај слаб дожд, застапен е и песок од Сахара.

Во текот на претходната вечер северозападните предели на Србија беа зафатени со облачност со слаб дожд и овој систем во текот на ноќта се движеше над северот на Србија и Белград и донесе слаб дожд во овие области. Утрово паѓа само во Белград и на североистокот на Србија.

Во Србија доминира и изразената југозападна висинска струја, која освен што носи топла воздушна маса од северот на Африка, на нашите простори носи и честички од пустински песок од Сахара.

Не зборуваме за големо количество песок, туку доволно што слабиот дожд што паѓа утрово ги содржи овие честички кои ќе бидат видливи по престанокот на дождот, најмногу на возилата.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија најави и појава на слаб дожд во Банат и Поморавље во следните два часа.

Од УХМР велат дека сега за сега немаат информации дали сахарската прашина доаѓа во Македонија, бидејќи сѐ уште прогнозираат и анализираат.

За оваа појава зборуваа стручњаци и објаснија дека тоа е природна појава и дека нема причина за загриженост.

– Силен југозападен ветер собра песок од Сахара од северот на Африка, тој песок се искачи високо во атмосферата, го премина Медитеранот и воздухот стана богат со водена пареа. Се создадоа облаци и врнеше со честички од тој песок – објаснува за Курир метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ и додава дека нема причина за загриженост.

– Тоа е сосема природен феномен, нема загадување или радиоактивни честички и нема причина за страв. Дури и во зима може да се случи да падне жолтеникав снег. Слична појава имавме и во март, која тогаш беше поопасна, бидејќи покрај песокот од Казахстан, ветрот донесе многу загадување и од индустриски погони од југот на Русија.

Во другите делови на Србија е целосно суво, а денеска во сите делови ќе биде променливо облачно и топло со засилен југозападен ветер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44904
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy