
„Садиме на две недели“: Семејство од Србија направи профитабилен бизнис со засадување на два вида зеленчук
Со оглед на зголемување на грижата за здравјето, луѓето се почесто се насочуваат кон конзумирање на продукти кои важат за заштитници на здравјето, а тоа овозможи одредени земјоделци да ги зголемат своите приходи благодарение на побарувачката на нивните продукти.
Таков е примерот со земјоделци од соседна Србија, ссемеството Тири, кои се насочиле кон садење и одгледување само на брокула и карфиол, две намирници кои луѓето ги користат поради нивните хранливи материи и се барани во текот на целата година. Потребни се повеќе сеидби годишно за да се задоволи таквата побарувачка, а семејството Тири кај Зрењанин ги одгледува на пет хектари. Работа има, а платата е повеќе од добра.
Семејството Тири во Лукина Село има две сеидби на едно место, а од мај, кога пристигнува првиот род на карфиол и брокула, до доцна есен, секојдневно работат со овие земјоделски култури.
“Претежно садиме во серии. Секогаш 10.000 парчиња карфиол и 10.000 брокули. Сега пролетта имавме малку поголема количина, но обично садиме на секои две недели. Штом заврши едната, стигнува друга. Секогаш имаме постојано снабдување“, вели Невена Тири за „Блиц.рс“.
И покрај сите врнежи во мај и јуни, тие не се доволни за овие намирници и мора дополнително да се наводнуваат. Невена објаснува дека тоа е затоа што нивните корени не се длабоки, а влагата од врнежите останува во долниот слој на почвата.
– Во каналот и во бунарите има доволно вода. Опкружени сме со вода, па имаме среќа – вели Невена.
Пазарот е во Белград, а испораките се вршат три пати неделно. Секое доцнење во бербата го намалува квалитетот.
„Треба постојано да бидете во него, постојано да ги следите растенијата, особено во лето. Полесно се произведува наесен, има дожд и температурата е идеална“, вели Невена Тири.
Благодарение на овој начин на работа во земјоделството, фармата Тири има работа за шест работници кои ги ангажираат и во зимските месеци кога во пластеници подготвуваат садници од брокула и карфиол.
