
САД воведоа нови санкции против компании и поединци од Иран и Кина
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за одредени компании и поединци од Иран и Кина, кои ги обвинуваат дека набавиле компоненти за ракетно гориво за Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран, соопшти прес-службата на американското Министерство за финансии.
Во соопштението се наведува дека се воведени санкции против пет кинески компании, една иранска компанија и шест ирански државјани.
Американската агенција ја обвини мрежата дека го олеснува купувањето на натриум перхлорат и диоктил себакат од Кина во Иран.