
САД: Трамп најави воен буџет од билион долари, најголем во историјата
Американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ветија буџет за американскиот одбранбен систем вреден билион долари, што претставува рекордна распределба за овој сектор.
Во објава на својот X профил, Хагсет објави дека „Трамп ја обновува американската војска и тоа брзо“.
На прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, самиот Трамп во понеделникот потврди дека новиот буџет ќе биде „околу една милијарда долари“, пишува Politico.com.