Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД се подготвени да преземат други акции, рече Бајден, по нападите на групи поврзани со Иран врз американските сили во Ирак и Сирија
Македонија

САД се подготвени да преземат други акции, рече Бајден, по нападите на групи поврзани со Иран врз американските сили во Ирак и Сирија

28/10/2023

AA

САД се подготвени да преземат други акции, изјави американскиот претседател Џо Бајден по нападите на групи поврзани со Иран против американските сили во Ирак и Сирија, пренесе Ројтерс.

Изјавата е содржана во писмото до претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, испратено синоќа.

Вчера американски борбени авиони извршија воздушни напади во источниот дел на Сирија, потсетува Ројтерс.

Портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека за време на нападите во Сирија биле уништени резервите на муниција на Иранската револуционерна гарда, пренесува АФП. Таа операција имаше значително влијание врз способноста на групите поврзани со Техеран во регионот да вршат напади, додаде тој.

Вашингтон знаеше дека оваа муниција ќе се користи за поддршка на милициите, особено во Сирија. Целта беше да се нарушат нивните операции, „како и да се одвратат од понатамошни напади“, истакна Кирби.

Од 17 октомври, американските трупи и нивните сојузници во Ирак и Сирија биле цел на најмалку 14 напади, според Пентагон. Од нив 21 е полесно повреден, а еден војник починал од срцев удар додека се обидувал да стигне на безбедно.

Вооружените групи поврзани со Иран се заканија дека ќе ги нападнат американските бази на Блискиот Исток поради поддршката на Вашингтон за израелската војна против Хамас, потсетува АФП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy