Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД произведуваат повеќе нафта од која било земја во историјата! Доминираа во 2023 година: Еве каде се ОПЕК и Русија
Македонија

САД произведуваат повеќе нафта од која било земја во историјата! Доминираа во 2023 година: Еве каде се ОПЕК и Русија

26/12/2023

AA

Најголем производител на нафта во светот во 2023 година се Соединетите Американски Држави, а потоа следат Саудиска Арабија, Русија, Канада и Ирак.

Соединетите држави сега произведуваат повеќе од 13 милиони барели на ден (bpd) сурова нафта, повеќе од која било друга земја во историјата, а аналитичарите очекуваат дополнително зголемување на производството во иднина, пишува oilprice.com.

Саудиска Арабија, лидер на нафтените картели ОПЕК и ОПЕК +, го зазеде второто место.

Во првата половина од годината Ријад произведуваше околу 10,2 милиони барели нафта дневно, но од јули доброволно го намали производството за еден милион барели дневно со намера да ги стабилизира цените на пазарот.

Русија, клучниот партнер на Саудиска Арабија во картелот ОПЕК +, не објави податоци за своето производство и извоз на нафта од минатата година, но се верува дека нејзиното производство е околу девет милиони барели нафта дневно.

Канада лани произвела рекордни 4,86 ​​милиони барели дневно, а аналитичарите очекуваат нејзиното производство да порасне за осум отсто до 2025 година.

Ирак е на петтото место со просечно производство од околу 4,3 милиони барели дневно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

До сега запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни

09/02/2026
Македонија

Вештакот Равник од Словенија сведочи за судењето Онкологија: Пред хемотерапија

09/02/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ОГРАБАТ МАНАСТИР Фатени се додека обивале

09/02/2026
Македонија

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња

09/02/2026
Македонија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
Македонија

ДРАМА ВО БЛИЗИНА НА РУМА: Потрага по киднаперите на Даниел

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41221
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy