Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД привремено ја запираат обработката на имигрантски визи за македонски граѓани
Македонија

САД привремено ја запираат обработката на имигрантски визи за македонски граѓани

14/01/2026

AA

Американските власти најавија привремено сопирање на процесирањето на имигрантски визи за граѓани од 75 земји, меѓу кои и Северна Македонија, јавува „Фокс њуз“ повикувајќи се на интерен меморандум на Стејт департментот.

Според документот, конзуларните службеници добиле упатство да ги одбиваат апликациите за имигрантски визи додека трае преоценка на процедурите за проверка и селекција на апликантите. Мерката ќе стапи на сила од 21 јануари и ќе трае додека американските власти не ја завршат ревизијата на целиот систем за издавање имигрантски визи.

Причината за привремената пауза е спречување на влез на лица кои би можеле да зависат од државна помош, преку примена на одредбата за „јавен товар“. Конзуларните службеници ќе имаат овластување да одбиваат визи доколку проценат дека апликантот веројатно ќе користи јавни средства.

Проценката ќе се врши според повеќе критериуми, меѓу кои се возраст, здравствена состојба, финансиска стабилност, познавање на англиски јазик и евентуална потреба од долготрајна медицинска нега. Негативно влијание може да има и претходно користење на социјална помош или институционална грижа.

Од Стејт департментот појаснуваат дека ќе има исклучоци „во многу ограничени случаи“ и само по завршена проценка за ризик од станување јавен товар.

За македонските граѓани ова значи дека апликациите за имигрантска виза кон САД ќе бидат ставени во мирување без јасна временска рамка за продолжување на постапката. Покрај Македонија, на листата на опфатени држави се Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, како и Русија, Иран, Ирак, Египет, Нигерија и други.

Американските медиуми потсетуваат дека одредбата за „јавен товар“ постои со децении, но нејзината примена варирала во зависност од администрацијата. Таа беше проширена за време на Доналд Трамп, делумно укината во следната администрација, а сега повторно се активира во построга форма, со што директно се засегаат и македонските апликанти кои планирале трајно иселување во САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy