
САД: Кина сега се соочува со царини до 245 отсто како резултат на нејзините контрамерки
САД објавија дека Кина сега се соочува со царини до 245 отсто поради одмаздата што ја објави Пекинг, се вели во соопштението на Белата куќа објавено доцна навечер во вторникот.
Администрацијата на Трамп му се заканува на Пекинг со катастрофални царини како „пример“, затоа што одговори со контрамерки.
„Кина сега се соочува со царини до 245 отсто на увозот во САД како резултат на нејзините контрамерки“, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател се заканува и дека ќе воведе царини за критичните кинески минерали. Ова може да доведе до нова фаза на ескалација во односите со Кина.