
САД го усвоија буџетот за одбрана за 2024 година, „тежок“ 886 милијарди долари
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го усвои законот со кој се предвидува буџетот за финансирање на одбраната следната година да изнесува 886 милијарди долари.
Тоа е за 28 милијарди повеќе од оваа година, пренесува CNN.
За усвојување на законот гласаа 310 конгресмени, а против беа 118.
Законот дозволува зголемување на платите за 5,2 отсто на вработените во војската, што е најголемо зголемување во последните две децении.
