Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД ги прогласија јеменските Хути за „терористичка“ група
Македонија

САД ги прогласија јеменските Хути за „терористичка“ група

17/01/2024

AA

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, објави дека САД ги означиле јеменските Хути како терористичка група како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море, пренесува Ал Џезира.

„Денеска, како одговор на овие континуирани закани и напади, Соединетите држави објавија дека Ансар Алах, исто така познати како Хути, како специјално назначена глобална терористичка група“, рече Саливан во соопштението.

Сепак, тој додаде дека одредбата, која стапува на сила за 30 дена, може да биде ревидирана доколку Хутите престанат со нападите во Црвеното Море и во Аденскиот Залив.

Администрацијата на Џо Бајден изјави дека повторното назначување на Хутите, кое доаѓа со остри санкции, нема да има негативно влијание врз јеменскиот народ бидејќи санкциите ќе вклучуваат хуманитарни отстапки.

„Испраќаме јасна порака: комерцијалните пратки до јеменските пристаништа на кои се потпира јеменскиот народ за храна, лекови и гориво треба да продолжат и не се опфатени со нашите санкции“, се вели во соопштението на Белата куќа во средата.

Според Ал Џезира, пораката е обид да се намали загриженоста дека повторното воведување на санкциите против Хутите може да има негативно влијание врз јеменскиот народ, кој со години страда од почетокот на војната во земјата во 2014 година, што доведе до една од најлошите хуманитарни кризи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy