Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница
Регион

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

22/04/2024

AA

Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница, Соединетите Американски Држави(САД) ѝ порачаа на Србија. 

Помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Браен изјави по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, дека Вашингтон сака САД и Србија да го продолжат долгогодишното пријателство.

О’Браен вели дека во Сребреница е извршено „кривично дело и злосторство“ и дека многу извршители во судската постапка се осудени, но дека денес е потребно да се соочи со вистината.

Вучиќ, зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, кажа дека е исклучително загрижен бидејќи знае дека таа резолуција ќе ги наруши односите во регионот. 

„Знаеме дека сме мали, знам дека Америка е суперсила, но ние ќе се спротивставиме на тоа насилство над српската држава и српскиот народ“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека Србија е во исклучително тешка политичка ситуација бидејќи „плаќа висока цена“ поради геополитичката ситуација, пред сè поради односот кон конфликтот во Украина, санкциите кои не сака да ѝ ги воведе на Русија, и поради Косово кое има силна западна поддршка. Српските политичари се налутија затоа што македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи кажа дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41557
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ ЈАВНАТА НАБАВКА Судење за предметот

17/02/2026

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за Онкологија, изјави на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy