
САД ѝ даваат на Украина ракети со долг дострел
Украина ќе ги добие долгоочекуваните ракети со долг дострел. Вака американскиот претседател Џо Бајден го увери својот украински колега Володимир Зеленски на синоќешната средба во Белата куќа.
Киев долго време инсистираше таквите ракетни системи да можат да ги погодат руските позиции од длабоко.
На средбата со Зеленски, Џо Бајден најави и испорака на повеќе противвоздушни системи.
„Заедно со нашите партнери и сојузници, американскиот народ е решен да направи се што е можно за да се осигура дека светот ве поддржува“, рече Бајден.
Во текот на воените дејствија, украински беспилотни летала го погодија штабот на руските поморски сили на полуостровот Крим. Еден војник е убиен. Во исто време, по втор пат по излегувањето на Русија од договорот за жито, брод со украинско жито замина за Босфор.
Уште три пловила се упатуваат кон пристаништето Черноморск за да натоварат земјоделски производи и покрај руските закани за нивната безбедност.

