
САЊА БОЖИНОВСКА: Ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година
Во денешното гостување на ТВ Сител министерката за енергетика беше запрашана за цената на електричната енергија за домаќинствата, на што потенцираше дека во моментов цената што ЕСМ ја наплаќа е 60 евра за мегават час што е многу пониско од берзанската цена.
Божиновска потенцира дека Владата во текот на јули се обврзала да ги набави и преостанатите 15 отсто од електрична енергија што биле обврска на ЕВН, со што сметките на граѓаните останале непроменети.
Во однос на цените на електричната енергија од јануари Божиновска истакна: „ние ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување од следната година. Секако, ќе зависи од планот за производство на АД ЕСМ меѓутоа ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“.
