Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 САЊА БОЖИНОВСКА: Чест ми е да го применам меѓународното искуство од работа во 20 држави во областа на енергетиката
Економија

САЊА БОЖИНОВСКА: Чест ми е да го применам меѓународното искуство од работа во 20 држави во областа на енергетиката

28/01/2025

AA

Во своето вчерашно гостување на поткастот „ВМРО – ДПМНЕ зборува“, министеркатаБожиновска истакна дека има работено во 20 држави во Европа и секогаш работела согласно законските норми на тие држави. Токму затоа и претставува чест да го примени целото свое искуство и да ја постави законската рамка во областа на енергетиката со кои ќе се постават основите како ќе се движи Македонија во идниот период.

На прашањето зошто го прифатила предизвикот да биде министер за енергетика, таа истакна:

„Енергетиката е многу комплексна наука и има различни сегменти, како што кажавте ова е Министерство не само за енергетика туку и рударство и минерални суровини. Тоа се две децении знаење, комуникација, но тоа беше од другата страна, од приватниот сектор. Меѓутоа се што работите во приватниот сектор значи дека мора да ги исполнувате легислативите и нормите кои ги пропишува секоја држава“, кажа Божиновска.

Според министерката Божиновска, но и други експерти од земјата и регионот, Министерство за енергетика требало многу порано да биде  направено, а парламентарното мнозинство направила добра одлука што формирала Министерство за енергетика, како и останатите земји во регионот. Енергетиката, рударството и минералните суровини се од огромно значење за секоја економија и сите држави и во Европската унија и во соседството имаат вакви министерства. 

Министерката Божиновска зборувајќи за своето образование откри дека по завршување на средно училиште на англиски јазик заминала на четиригодишни додипломски студии во Прага. По комплетирањето на студискиот престој во Чешка, Божиновска заминува на студии по меѓународен бизнис на Кралскиот универзитет во Холандија. На Кралскиот универзитет своето образование го стекнува од реномирани професори од кои некои биле и добитници на Нобелова награда. Во текот на својата богата професионална кариера, таа постојано го надоградувала своето знаење преку посета и учество на голем број меѓународни размени, семинари, конгреси и конференции во изминатите 20 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy