
С. Давкова: На терасата во Св. Софија ја поминав младоста со другарка ми Соња од Охрид, тие кои настапуваат доживуваат епифанија
Прекрасно се чувствувам во овој амбиент. Не ми е амбиентот нов, ја гледате таа тераса там, тој балкон?! Јас детството со другарка ми Соња Билко од Охрид таму го поминував, таму ни беше дозволено, од таму слушавме што се случува. Не само јас секој кој стапнал овде и свирел или пеел вели дека акустиката е совршена со божја помош, дека амбиентот е инспиративен и дека тука епифанија доживуваат, вели во интервју за македонската телевизија претседателката Гордана Сијлановска Давкова.
„Поетите ќе го спасат светот бидејќи создаваат нова димензија во која се вткаени добрината, чувствата, интелектот“, вели во интервју за Македонската телевизија претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според неа, да се биде покровител на Струшките вечери на поезијата е голема одговорност.
Претседателката во интервјуто додава дека фестивалот има иднина и в година ќе слави 65 години јубилеј од постоењето.